НИЕ КАЈ ВАС, ВИЕ КАЈ НАС

Центарот СОНИ - ЛОГОС е формиран во 2009 година. Почнавме како мало приватно училиште и нашите почетоци беа скромни, со една училница, мал број на слушатели и еден професор по англиски јазик, но со квалитетна работа низ сите овие години стигнавме до она што сме денес, а тоа е респектабилно училиште кое врши едукација на голем број странски јазици. Покрај англискиот јазик, во нашето училиште се изучуваат уште германскиот, албанскиот, македонскиот јазик за странци, но и совладување на одделни училишни предмети (физика, хемија, математика). Темпото на животот на современиот човек е такво што тој нема многу слободно време. Од тие причини ние се одлучивме за еден поинаков систем на организација на нашата работа. Наместо создавање на еден голем центар за странски јазици на некоја од локациите во градот, како што тоа беше случај во минатото со другите училишта, ние одбравме систем на распрскани локации кои се блиску до Вашите домови и училишта. Така ние доаѓаме кај Вас, а Вие кај нас, како што прават вистински пријатели.

МОЖНОСТ ЗА УСОВРШУВАЊЕ

Специјалните курсеви кои СОНИ - ЛОГОС ги организира одат во две насоки: една се однесува на оспособувањето на слушателите да користат стручна терминoлогија во нашите деловни степени, додека втората подразбира подготовка на слушателите за полагање на испити за добивање меѓународни сертификати FCE, CAE, IELTS, TOEIC, Deutch Zertifikat.

ОПРЕДЕЛЕНОСТ ЗА КВАЛИТЕТ

Вистинскиот приоритет во училиштето СОНИ - ЛОГОС е квалитетот, а нашиот императив - неговото постојано подобрување. За таа цел, имаме воспоставено систем за постојана контрола на квалитетот кој без исклучок се применува на сите наши локации во текот на целата учебна година.

ЗАЛОЖБА ЗА КОНТИНУИРАНО ПОДОБРУВАЊЕ

Нашите настојувања секогаш се насочени кон подобрување на условите за работа, како во однос на училишниот простор така и во однос на осовременување на наставниот процес. Тоа подразбира опремување на нашите училишта со најсовремените методи за учење на странските јазици и наставните помагала како и со најсовремените учебници од реномираните светски издавачки куќи. На постојаните работни состаноци на наставниот персонал и координаторите на наставата постојано се разгледуваaт резултатите на наставата и се вршат неопходните промени и приспособувања.

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРАТА

Училиштето СОНИ - ЛОГОС е целосно насочено кон своите слушатели. Во интерес на изведување на успешна и ефикасна настава, тимот на професионалци составен од административниот персонал, наставниците, координаторите на наставата и генералниот Директор – се грижи за квалитетот на услугите на СОНИ - ЛОГОС.